Испечати

Лесна вечера од ароматична палента, свежи шампињони и фета сирење

Лесна вечера од ароматична палента, свежи шампињони и фета сирење

Состојки

  • 1 филџан за кафе палента
  • 3 филџани за кафе вода
  • 20 гр путер
  • 1/2 лажиче хималајска сол
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче мешавина италијански зачини
  • Прстофат шафран
  • 1/4 лажиче бибер
  • 25 0гр свежи шампињони
  • 1-2 млади кромитчиња
  • 1-2 лажици маслиново масло
  • 100-150 гр фета сирење

Подготовка

Доволно состојки за две порции.

Подготовка:

1. Во загреана вода ставаме путер, зачини, сол, бибер и додаваме палента.
2. Вариме на тивок оган се додека не се згусне.
3. Топлата палента ја истураме во декоративен сад, кој претходно сме го премачкале со масло или сме го исплакнале со студена вода.
4. Ја ставаме зачинетата палента да се лади и да се стегне.
5. На загреано маслиново масло ги пржиме листовите шампињони, а пред крај додаваме младо сецкано кромитче. Пржиме уште многу кратко. По желба зачинуваме.
6. Ја превртуваме палентата на чинија, одозгора ги ставаме топлите шампињони и завршуваме со коцки фета сирење.
Послужуваме.