Ова е повторно еден мој брзински рецепт за појадок или вечера (кој како сака), вкусен и лесен за подготовка.

* Во вангличе се става сувиот квасец, шеќерот и млаката вода, се остава да се активира квасецот.
* Штом квасецот ќе стаса, се додава брашното, солта, маслото, зачините и изренданото сирење, се меша првин со дрвена лажица, а потоа се измесува со рака. Зависно од брашното се додава малку брашно (ако има потреба).
* Тестото се распоредува во намрсена тава бр. 30, се пушта рерната на 200 степени, а додека таа се загрева, тестото се остава на топло да постаса.
* Штом рерната се загрее, изматеното јајце се разлева одозгора, се посипува со сусам и се печи околу 30 минути, зависно од рерната.

Се сече и се јаде со јогурт, чајче, сиренце ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани