Испечати

Пита со сирење (појадок/вечера)

Пита со сирење (појадок/вечера)

Состојки

  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 300 мл. млака вода
  • 0,5 кг. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 200 мл. масло
  • 150 гр. бело мешано сирење
  • по малку зачини: кари, шарена сол
  • 1 јајце
  • сусам по потреба

Подготовка

Ова е повторно еден мој брзински рецепт за појадок или вечера (кој како сака), вкусен и лесен за подготовка.

* Во вангличе се става сувиот квасец, шеќерот и млаката вода, се остава да се активира квасецот.
* Штом квасецот ќе стаса, се додава брашното, солта, маслото, зачините и изренданото сирење, се меша првин со дрвена лажица, а потоа се измесува со рака. Зависно од брашното се додава малку брашно (ако има потреба).
* Тестото се распоредува во намрсена тава бр. 30, се пушта рерната на 200 степени, а додека таа се загрева, тестото се остава на топло да постаса.
* Штом рерната се загрее, изматеното јајце се разлева одозгора, се посипува со сусам и се печи околу 30 минути, зависно од рерната.

Се сече и се јаде со јогурт, чајче, сиренце ...