
4
ное
2013
Ќофте од карфиол со сирење
Карфиолот се става на ситни гранчиња во блендер, се додава маслото и белото сирење, па се миксираат добро.Смесата се префрла во сад се додаваат сите останати состојки и се меси кашеста смеса. Оставаме малку да отстои во фрижидер после се обликуваат мали ќофтиња кои се валкаат во презла, пак се оставаат да стојат 3-4 минути додека не се формира коричка од презлата и се пржат во врело масло.
Најдобро е врз мрежа ете и гурмет мрежата би била одлична во оваа прилика зашто во спротивно можат да се растурат доколку не се внимава, нека заруменат. Служете по ваш избор.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови