Ќофте од карфиол со сирење
Состојки
- 250гр. карфиол гранчиња
- 70гр. бело сирење
- 3-4 лажици лебни трошки
- 3-4лажици масло
- 1 јајце
- 1лајче сув зачин,малку копар,малку мелен ким
- 300гр.-400гр. масло за пржење од прилика
- 1/2 главичка сечкан кромид
- 3-4 парчиња лукчиња од главичка
Подготовка
Карфиолот се става на ситни гранчиња во блендер, се додава маслото и белото сирење, па се миксираат добро.Смесата се префрла во сад се додаваат сите останати состојки и се меси кашеста смеса. Оставаме малку да отстои во фрижидер после се обликуваат мали ќофтиња кои се валкаат во презла, пак се оставаат да стојат 3-4 минути додека не се формира коричка од презлата и се пржат во врело масло.
Најдобро е врз мрежа ете и гурмет мрежата би била одлична во оваа прилика зашто во спротивно можат да се растурат доколку не се внимава, нека заруменат. Служете по ваш избор.