Њоки со пилешко и сос од брокула.
За тестото
1. Јајцето скршете го во сад, посолете, додајте брашно и замесете тесто.
2. Пилешкиот стек ставете го во блендер, ставете еден кромид и заедно изблендирајте. Посолете.
3. Тестото расукајте го, па исечете го на коцки, врз него ставете пилешко мелено и залепете ги њоките.
4. Приготвените њоки ставете ги во солена вода да се сварат околу 15 минути.
За сос
1. Путерот ставете го во тавче со 1 лажица брашно,малку пропржете, додајте млеко, промешајте. Ставете ја брокулата да се свари малку, па на крај ставете ги и готовите њоки во сосот и промешајте.
Њоките сервирајте ги во чинија, одозгора изрендајте пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани