Крем супа со пилешко и брокула
Крем супите ми се многу вкусни, случајно бевме послужени со микс од 2 вакви готови куповни супи, вкусот одличен, па решив да спремам домашна верзија, воопшто не се покајав.
Еве го записот.
Парчето пилешко се вари во литар вода со коцката заедно и компирот лупен, сварено се чисти од кожа и коски. Брокулата се бланшира, заедно со пилешкото и мал дел од течноста се префрлаат во блендер и се миксираат. Во мало тавче се пропржува кромидот на ситно на малку масло, кромидот заедно со компирот и малку течност ос супата се миксираат заедно, сета измиксана смеса од двата наврати се става во подлабок сад со течноста од супата се додава лук сечкан, црн пипер, во зависно од тоа колкава сакате густината на супата да биде може да додавате уште малку течност, се служи топла така припремена или со павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови