Пилешко во сос од печурчки и брокула
Стекот се сецка на коцкички. Се посолува со мешан сув зачин, прстофат куркума и на тивок оган малку се пропржува додека добие златникава боја.
Во меѓувреме сецканата брокула ја вариме 5 мин.
Во посебно тавче ги пржиме сецканите печурки со кромидот сецкан во полукругови. Кога ќе се провари брокулата ја додаваме во печурките и додаваме зачини, копар, лукче покрупно сецкано и куркума. Се пржи се заедно додека малце испари водата од печурките. Потоа печурките се содаваат во тавчето со потпрженото пилешко месо и се пропржува 10 мин колку да се соединат вкусовите.На крај се додава неутралната павлака (по можност да е погуста) на многу тивок оган се остава да прокрчка, и кога ќе се направи убаво кремасто се додава малку путерче за свиленкаст изглед.Се сервира со мали гранчиња копар. Добар апетит и пријатен ручек!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови