Јувките ги вариме, ги цедиме и ги попрскуваме со масло. Лукот ситно го сечкаме и го пропржуване на масло, колку да пушти мирис. Ја ставаме урдата малку да се пропржи и потоа јувките ги ставаме во овие состојки. Пропржуваме колку да се соединат и веднаш ги тргаме од огинот. Цветчињата брокула малку ги вариме на пареа па ги ставаме во јувките. Сирењето го сечкаме на мали коцки па и не го го додаваме. На крај откако ќе сервираме во тањир, ја ставаме пршутата и наросуваме со пармезан.
Забелешка
Бидејќи се користат повеќе врсти на сирење, многу малку сол се додава во јувките додека се варат. Брокулата ако сакате може и свежа да ја додадете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани