Многу едноставна подготовка за природен сок без конзерванси доколку немате време водата да ја превриете, побарајте во аптеки дестилирана вода.

Во блендер ги ставаме чистени јаготките, се миксираат, се префрлаат одма во газата да се исцедат од сокот-убаво.
Добиениот сок се меша со шеќер и водата се додека се растопи, ќе поминат некои 15-20 мин.повремено се меша,се бери во стаклена амбалажа ако го пиете за скоро т.е. во тековниот период и се чува во фрижидер, а другата опција е во пластична амбалажа и веднаш во замрзнувач. По потреба се одмрзнува, а трае долго време. На овај брз начин правам разни сокчиња од сезонско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови