Уште една комбинација за сос, кој секако одговара со сите видови на тестенини, но мене оваа ми е омилена.

1. Во подлабок сад ставете вода со мешан сув зеленчук. Кога водата ќе врие ставете ги шпагетите и оставете да се сварат по ваш вкус.
2. Во нелеплива тава на тивок оган ставете ја исецкана сланина да се пржи. Доколку сте во можност, одберете помесната сланина зошто е поубав вкусот.
3. Кога ќе се запржи, ставете го издробеното сирење и оставете минута до две заедно да се испржат. За сирењето најдобро е да е тврдо и солено.
4. Полека истурајте ја павлаката за готвење и мешајте постојано додека не ја добие потребната густина.
5. Сварените и исцедени шпагети ставете ги во чинија за служење и врз нив ставете од сосот.

Ептен е едноставен, а посебно вкусен.

Можете да додадете зачини по желба, но внимавајте со поинтензивните мириси да не го смените основниот вкус на сосот.

Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови