Доколку немате време, а сите се многу гладни, еве Ви идеја за брз ручек. Нормално, пак тестенини, затоа што ги обожувам. Но, овој пат, идејата е на мојот сопруг.

Чекор 1
Исецкајте ги печурките и сланината. Стопете ја свинската маст и ставете ги печурките да се пропржат. Потоа додадете ја и сланината.

Чекор 2
Додадете го доматното пире, солта и шеќерот да се издинста сосот. Кога водата ќе испари и сосот ќе згусне, додадете го лукот и босилекот.

И, ручекот е готов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани