Испечати

Шпагети со црвен сос од сланина

Шпагети со црвен сос од сланина

Состојки

  • 250 грама шпагети
  • 50 грама свинска маст
  • 150 грама свежи печурки
  • 100 грама сланина
  • 300 милилитри доматно пире
  • 3 чешниња лук
  • по вкус морска сол, свеж босилек
  • 1 мало лажиче шеќер

Подготовка

Доколку немате време, а сите се многу гладни, еве Ви идеја за брз ручек. Нормално, пак тестенини, затоа што ги обожувам. Но, овој пат, идејата е на мојот сопруг.

Чекор 1
Исецкајте ги печурките и сланината. Стопете ја свинската маст и ставете ги печурките да се пропржат. Потоа додадете ја и сланината.

Чекор 2
Додадете го доматното пире, солта и шеќерот да се издинста сосот. Кога водата ќе испари и сосот ќе згусне, додадете го лукот и босилекот.

И, ручекот е готов.