Шпагети на каталонски начин (Fideos con Picada)
Тестенини сакам подготвени на било кој начин. Но, секако дека си имам и некои омилени од нив, кои посебно ми се вкусни. Ова е еден рецепт кој ми е посебно омилен и кој топло ви го препорачувам да го пробате.
Подготовка
Месото измијте го под млаз ладна вода и исушете со кујнска хартија. Исечкајте го на тенки лентички. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Лешниците се сечкаат крупно. Доматите и нив исечкајте ги и заедно со сокот од конзервата тргнете ги на страна. Магдоносот измијте го и него ситно исечкајте го. Шпагетите искршете ги на половина и исто тргнете на страна. Пршутата исечете ја на ленти.
Во една подлабока тава (јас спремав во вок тава) ставете ги лешниците и пињолите на суво да се пржат. Кога ќе добијат златно жолта боја тргнете ги на страна.
Во тавата додадете зејтин и ставете го месото да се пржи некои 4-5 минути. Додадете ги кромидот и лукот и продолжете со пржење додека месото да поцрвени и кромидот да омекне. Посолете и побиберете па тргнете го месото на страна.
Во истата тава, и во истото масло (додадете уште доколку сметате дека е потребно) ставете ги доматите со нивниот сок да се пржат. Пржете додека половина од течноста да испари. Додадете водата, инстант супата, зачините, пирето од домати, лешниците и пињолите, пиперот, и се убаво промешајте.
Откако ќе зоврие ставете ги шпагетите во сосот да се варат. Оставете да се варат 10-тина минути и повремено промешувајте. Доколку е потребно додадете сол. При крај на варењето ставете го и месото внатре и варете уште 1-2 минути.
Ставете од шпагетите во тањири и одозгора наредете ги парчињата пршута. По желба и вкус, нарендајте пармезан.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани