Постапка
- Празот, морковот и тиквичките исечете ги на тенки резанци, печурките на листови. Лукот исечете на ситно.
- Шпагетите или нудлите сварете ги и исцедете, оставете на топло.
- На загреан зејтин кратко запржете лукот, додајте ги резанците од морков, додадете - тргнете и истурете кај шпагетите.
- Во истата тава малку зејтин запржете кратко празот и тиквичките.
- Истата постапка повторете ја со спанакот и печурките
- На крај додадете го ѓумбирот, сосот од соја и сувиот зеленчук, промешајте и целата содржина со шпагетите вратете во тавата, лесно измешајте и кратко загрејте.
Сервирајте така самостојно или со прилог од месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани