Овојпат ке презентирам тстенини во бел сос, кој ги подготвив според рецептот од паковањето. Да бидам искрена, беа преубави.
За почетокот на рецептот потребни ни се варени шпагети во посолена вода со маслиново масло. Цедиме и приготвуваме сос.
Во маслиновото масло го запржуваме кромидот. Пуушената сланина ја сечеме на појадри коцки, па ја додаваме да се запржи. Потоа се додаваат шунката и лукот кои исто така се сецкани. Пропржуваме на тивко околу 10 минути и зачинуваме. Прелеваме со кремот за готвење.
Оставаме така да покрчка околу 2-3 минутки со постојано мешање. Ги додаваме тенко сечените парченца кашкавал и мешаме да се растопат. Од готовата смеса земаме со лажица и ги прелеваме шпагетите. Служиме топло.
На здравје.

Забелешка
Пишав служиме топло, но моите деца повеќе ги сакаа ладни.
Следен пат јас би додала и печурки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови