Шпагети во бел сос со пушена сланина и лук
Состојки
- 1 паковка о д 400 гр шпагети
- За сосот
- 1 главица кромид
- 1 парче млад лук
- 100 гр пушена сланина
- 150 гр шунка
- 500 мл крем за готвење (неутрален )
- 240 гр кашкавал (паковањето ми беше 240 вие ставете и 250 )
- 1 лажица мешан зачин
- 1/4лажиче сол
Подготовка
Овојпат ке презентирам тстенини во бел сос, кој ги подготвив според рецептот од паковањето. Да бидам искрена, беа преубави.
За почетокот на рецептот потребни ни се варени шпагети во посолена вода со маслиново масло. Цедиме и приготвуваме сос.
Во маслиновото масло го запржуваме кромидот. Пуушената сланина ја сечеме на појадри коцки, па ја додаваме да се запржи. Потоа се додаваат шунката и лукот кои исто така се сецкани. Пропржуваме на тивко околу 10 минути и зачинуваме. Прелеваме со кремот за готвење.
Оставаме така да покрчка околу 2-3 минутки со постојано мешање. Ги додаваме тенко сечените парченца кашкавал и мешаме да се растопат. Од готовата смеса земаме со лажица и ги прелеваме шпагетите. Служиме топло.
На здравје.
Забелешка
Пишав служиме топло, но моите деца повеќе ги сакаа ладни.
Следен пат јас би додала и печурки.