Може да го замени велигденскиот козунак...сладок леб или да го спремите како погача...
 
1. Најпрво спремете го кафеното тесто
- Стопете го на пареа чоколадото, додадете ги сите состојки и замесете тесто. Ставете го помеѓу стреч фолијата или во кеса, расукајте го и оставете во фрижидер.
2. Светло тесто
- Од сите наведени состојки замесете тесто, домесете го со стопениот маргарин. Не го чекате да стасува туку веднаш расукајте кора тенка околу 5 мм.
- Извадете ја кафената кора од фрижидерот која е веќе расукана и поставете врз светлата кора - кафената кора е помала од светлото тесто. (видете на приказот во слики)
Пресвиткајте ја како што е на приказот - расукајте, пак свиткајте и пак расукајте и така додека кафеното тесто дава можност за повеке пресвиткување и виткање. (како кога спремаме лиснато тесто).
На крај останува како ролат. Исечете на три ленти и сплете плетенка. Ставете ја во долгнавеста модла и сега ќе оставите да стасува се додека убаво не стаса и не ја наполни модлата.
- Печете на 180-200 степена. Извадете да се олади. Ладна или сосема малку млака сечете, уживајте во глетката која вие сте ја создале.

Забелешка
- Слатката павалака дава посебен вкус, но доколку немате- едноставно користете млеко. Истото важи и за кондензираното млеко, иако и тоа си дава свој придонес за тој богат вкус.
- Зависно од брашното - ако ви се чини дека е малку течност, тогаш додадете уште малку.
- Доколку кафеното тесто ви остане ретко и недава можност за сукање, тогаш додадете брашно.
- Јас кафеното тесто прво го ставам во фрижидерот да се стврдне (чоколадата тоа го прави), па полесно е за сукање. Го ставам во најлон кеса за длабоко замрзнување, расукам, вратам во фрижидерот и кога го поставувам над светлото тесто, веке полесно е, ја сечам кесата, го вадам тестото и поставувам. Понатаму е веќе јасно...
Чашата е од 200 мл., по оригиналниот рецепт, а денес ја правев оваа тигреста плетенка мерејки со чаша од 240 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани