
Шарен колач
Одличен шарен колач, со преубави, меки, сочни теста.
 Јас користев гриз од чоколадо, а може да се користи бел гриз и бело чоколадо во филот. Мислам дека може да се додаде и арома по вкус, рум, ванила,.....
Сите три теста се печат во мала ростер тава.
 Прво се подготвува филот.
 Во касерола се налева 700 мл млеко и шеќерот и се загрева на умерен оган.
 Во преостанатото млеко се додава гризот и се промешува.
 Кога млекото ќе почне да врие се додава гризот и се меша до згуснување.
 Додека е топло се додаваат чоколадото и оревите и се меша.
 Се остав да се лади и повремено се промешува за да не фати кора филот.
 Кога е изладено се додава изматениот путер, една по една лажица и убаво се соединува.
 Сега се прават тестата.
 Во вангличка се става едно јајце, се додава шеќер и се мати убаво со миксер.
 Постепено се додава јогуртот, брашното, пецивото, афионот.
 Убаво со шпатула се промешува и се истура смесата во мала ростер тава.
 Се печи од 12-15 минути на 190 степени.
 Исто се постапува со 2 и 3 тесто.
 Во второто тесто оди мелен орев, а во третото оди какао и 175 мл јогурт, како што е наведено во состојките.
 Тестата нека се оладат.
 На даска за колачи се става првото тесто со афион.
 Врз него се нанесува една третина од филот.
 Убаво се израмнува и се нанесува второто тесто со орев.
 Повторно се премачкува со 1/3 од филот.
 Се става кафеното тесто и се премачкува со остатокот од фил.
 Се посипува со мелени ореви.
 Се остава 2 часа на ладно да се спојат вкусовите и се сече на штангли.
Лиценца: Сите права се задржани



























