![Шарени ароматични крофни](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/01/67780868_909984939379963_8777500972072042496_n-3d98c9-480x800.jpg)
18
јан
2020
Шарени ароматични крофни
1. Се става во мал сад квасецот со малку шеќер, млеко и брашно за да се активира. Кога ќе стаса квасецот се додаваат јајцата, шеќерот, млекото, маргаринот и сето ова се миксира.
2. Потоа се додава ренданиот лимон и портокал со постепено додавање на брашното. Се замесува убаво хомогено тесто. Се остава да надојде тестото и пак се премесува.
3. Се сечат кругови со чаша и со прстот се прават вдлабнатини за во средина. Се пржат во топло масло од двете страни.
4. Се увалкуваат со шеќер во прав или се преливаат со стопена чоколада и посипуваат со украсни трошки. На здравје
Лиценца: Сите права се задржани