Шарен парен колач со гриз и кокос
Подготовка.
1. Измате ги јајцата, жолчките и шеќерот па додадете ги гризот, брашното и пецивото. Пола смеса сипете ја во големата ростер тава и посипете какао.
2. Белките изматете ги во цврста пена додадете го постепено шеќерот, кокосот и пола пециво. Со оваа смеса направете топчиња со лажица(туфки)кои ќе ги ставате врз половината жолто тесто, врз белките посипете повторно какао и втората половина од жолтото тесто.
3. Печете на 200 степени петнаесетина минути потоа намалете на 180степени половина час.
4. Додека се пече сварете го шербетот, шеќерот со водата и ванилата нека повријат пет минути.
5. Печената раванија оставете ја да се подизлади исечете и прелијте ја со топлиот шеќер.
Уживајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани