Лесна и вкусна торта. Кога сакате нешто благо, а немате многу време, ова е идеално за подготовка.
Матиме пенесто јајца со шеќер, па се додава млекото, пецивото, ванилата и какаото.
Јас ставив чоколадов во прав наместо какао.
Додаваме лешници и брашно. Матиме со лажица, па посипуваме врз набрашнета тава.
Ја печев во тавче од електричен шпорет, долгнавесто.
Печеме проверувајќи со чепкалка. Готовиот пандишпан го оставаме да излади.

На оган го вжештувате млекото со шеќерот и полека постепено го додавате разматениот прашок за пудинг.
Откако ќе ја добие густината која е потребна оставаме да се излади.
Го додаваме маргаринот кој пенесто го измативме со шеќерот во прав.
Откако смесата ја изедначивме на крај ќе ги додадеме пасираните банани помешани со ванилниот шеќер.
Убаво мешаме и филот е готов.
Во друг сад ја матиме слатката павлака.
Печениот пандишпан го сечеме на три дела по должина на тавчето. Го редиме првиот дел и премачкуваме со филот. Пак ставаме пандишпан и пак од филот. Врз филот редиме парчиња сецкана банана, па пак ставаме пандишпан. Ја прекриваме цела торта со преостанатиот фил, а потоа нанесуваме од слатката павлака. Јас изрендав едно чоколадо врз тортата а вие украсете ја по вкус.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови