Шам торта
Состојки
- фил
- 2 паковки (40грх2) пудинг од ванила
- 200 гр шеќер во прав
- 500 мл млеко
- 250 гр маргарин
- 4 банани
- 2 ванили
- 5-6 лажици шеќер
- Пандишпан
- 6 јајца
- 18 лажици шеќер
- 1 пециво
- 1 ванила
- 3 лажици какао или чоколадо во прав
- 8 лажици брашно
- 8 лажици мелени лешници
- 8 лажици млеко
- слатка павлака за прекривање на цела торта
- 1 чоколадо за рендање врз тортата
Подготовка
Лесна и вкусна торта. Кога сакате нешто благо, а немате многу време, ова е идеално за подготовка.
Матиме пенесто јајца со шеќер, па се додава млекото, пецивото, ванилата и какаото.
Јас ставив чоколадов во прав наместо какао.
Додаваме лешници и брашно. Матиме со лажица, па посипуваме врз набрашнета тава.
Ја печев во тавче од електричен шпорет, долгнавесто.
Печеме проверувајќи со чепкалка. Готовиот пандишпан го оставаме да излади.
На оган го вжештувате млекото со шеќерот и полека постепено го додавате разматениот прашок за пудинг.
Откако ќе ја добие густината која е потребна оставаме да се излади.
Го додаваме маргаринот кој пенесто го измативме со шеќерот во прав.
Откако смесата ја изедначивме на крај ќе ги додадеме пасираните банани помешани со ванилниот шеќер.
Убаво мешаме и филот е готов.
Во друг сад ја матиме слатката павлака.
Печениот пандишпан го сечеме на три дела по должина на тавчето. Го редиме првиот дел и премачкуваме со филот. Пак ставаме пандишпан и пак од филот. Врз филот редиме парчиња сецкана банана, па пак ставаме пандишпан. Ја прекриваме цела торта со преостанатиот фил, а потоа нанесуваме од слатката павлака. Јас изрендав едно чоколадо врз тортата а вие украсете ја по вкус.
На здравје