Подготовка:

1. Во тенџере ставаме масло, па ги додаваме исчистените и изрендани морков и тиквичка. Запржуваме кратко, па го додаваме гризот. Промешуваме. Додаваме сол, бибер, зачин и налеваме вода.
2. Оставаме на тивок оган да се варат, околу 10 до 15 минути.
3. Во сад настрана ги соединуваме сите состојки за зачинување. Внимателно, прво додаваме една кутлача од супата, промешуваме, да не се подвари јајцето, а потоа се заедно додаваме во тенџерето, постојано мешајќи.
Сервираме топла и вкусна чорба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани