На малку загреано масло го запржуваме кромидчето.
Додаваме сецкан морков, сецкана тиквичка и сецкан компир.
Запржуваме.
Потоа налеваме вода и оставаме да вари, односно да омекне зеленчукот, околу 10 минути.
Со стапчест миксер ја поминуваме чорбата.
Додаваме зачини, фиде, ракчиња и копар.
Оставаме да вари уште некоја минута.
Во еден сад ги соединуваме јајцето, јогуртот и лимоновиот сок.
Тенџерето го тргаме од оган.
Сега во тенок млаз ја додаваме подготвената смеса, со постојано мешање.
Сервираме и повторно наросуваме малку копар.