2
фев
2016
Чорба со ракчиња
Водата ставете ја да зоврие. Потоа додајте ги морковот исецкан на коцки, лукчето исецкано, грашакот и ракчината. Оставете ги да варат 10-15 минути и направете ја запршката.
Ако користите грашак од конзерва него додајте го на крајот од варењето, пред запршката.
Во тавче ставете го маслото да се загрее па додајте го брашното и со постојано мешање пржете го малку да е смени бојата, но не да потемни. Додајте ја во тенџерето со ракчиња и измешајте.
Додајте го магдоносот, власецот и зачините по вкус. Оставете ја да повари уште 4-5 минути.
Послужете ја со лиминов сок како топло предјадење или како целосен оброк со лепче и салата.
Лиценца: Сите права се задржани