Чорба од тиквичка, морков и гриз
Состојки
- 1 мала тиквичка
- 1 среден морков
- 1 лажица полна гриз
- 1 лажиче густо зачин
- 1/4 лажиче густо црн бибер
- 1/4 лажиче густо сол
- 1,3л вода
- 2 лажици бон масло
- За зачинување
- 1 јајце
- 70мл јогурт
- Сок од половина лимон
- Магдонос
Подготовка
Подготовка:
1. Во тенџере ставаме масло, па ги додаваме исчистените и изрендани морков и тиквичка. Запржуваме кратко, па го додаваме гризот. Промешуваме. Додаваме сол, бибер, зачин и налеваме вода.
2. Оставаме на тивок оган да се варат, околу 10 до 15 минути.
3. Во сад настрана ги соединуваме сите состојки за зачинување. Внимателно, прво додаваме една кутлача од супата, промешуваме, да не се подвари јајцето, а потоа се заедно додаваме во тенџерето, постојано мешајќи.
Сервираме топла и вкусна чорба.