Чорба од ослич
Секогаш кога правев чорба од риба најпрво е варев рибата, ја чистев од коските и кожата и за да се згусти правев запршка на стандарден начин.
Овој пат употребив филети од ослич и за нејзино згуснување додадов компир.
Компирите се лупат и се сечат на плочки а филетите риба на помали парченца.
Кромидот и лукот ситно се сецкаат и се ставаат во тенџере со маслото малку да се запржат колку да пуштат мирис. Потоа се додаваат компирите и рибата. Се додава водата и зачините по вкус и се остава да вари додека омекнат, околу 15 минути.
Кога компирот и рибата омекнале, тенџерето се трга на страна и се блендираат да се добие мазна смеса - чорба. Се додава магдоносот и лукот во прав и се враќа на оган да повари уште 4-5 минути.
Чорбата се служи топла со сок од лимон.
Лиценца: Сите права се задржани