29
дек
2015
Чорба од морков и ќофте
Се замесува смеса од меленото месо, ренданиот кромид, јајцето, сусамот, семките, биберот и зачинот и се остава да одстои 30минути. Во тава на загреан зејтин се пржат ќофтенца.
Во друг сад се загрева вода и се ставаат морковите исечени на тркалца да се варат. Одкако ќе се сварат морковите во тавата каде што се пржеле ќофтенцата на малку маснотија се запржува брашно и се додава во чорбата. Полека се спуштаат ќофтенцата и чорбата треба да врие 10 минути.Се додава и сушениот целер и се трга настрана. Се служи со павлака.
Ова може да послужи како предлог да се искористат семињата и во чорбести оброци.
Лиценца: Сите права се задржани