23
авг
2015
Чорба од црвена леќа, морков, домат...
За промена еве една лесна чорба.
Во тенџере на оган се ставаат путерот и маслото.
Се додаваат исецканиот кромид и морков и се запржуваат.
Се додава ренданиот домат и тој се запржува.
Се додава измиената и исчистена црвена леќа.
Се додаваат зачините по вкус и се налива околу 1 литар вода.
После 10 минути варање цела содржина (освен листот ловор) во тенџерето се блендира со стапчест миксер.
Се додаваат исецканиот магдонос и јогуртот.
Се промешува и се сервира.
За густината на чорбата одлучете сами. Ако ви е многу густа додадете малку вода после блендирањето и нека фрли уште еден клуч.
Лиценца: Сите права се задржани