Испечати

Чорба од црвена леќа, морков, домат...

Чорба од црвена леќа, морков, домат...

Состојки

  • 150гр црвена леќа
  • 1 излупен црвен домат
  • 2 моркови
  • 1 мала главица сецкан кромид
  • 30гр путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 литар вода (или повеќе по потреба)
  • ловоров лист, црн бибер, мајчина душица, зачин, магдонос
  • 50мл јогурт

Подготовка

За промена еве една лесна чорба.
Во тенџере на оган се ставаат путерот и маслото.
Се додаваат исецканиот кромид и морков и се запржуваат.
Се додава ренданиот домат и тој се запржува.
Се додава измиената и исчистена црвена леќа.
Се додаваат зачините по вкус и се налива околу 1 литар вода.
После 10 минути варање цела содржина (освен листот ловор) во тенџерето се блендира со стапчест миксер.
Се додаваат исецканиот магдонос и јогуртот.
Се промешува и се сервира.

За густината на чорбата одлучете сами. Ако ви е многу густа додадете малку вода после блендирањето и нека фрли уште еден клуч.