22
јан
2013
Ќофте чорба
Прво исецкајте го кромидот и ставете го на страна. Од меленото месо, маслото, оризот и брашното направете смеса за кофтиња. Вака подготвената смеса правете мали топчиња и ставете да се пржат додека не заруменат.
Потоа додадете го сецканиот кромид и пржете уште малку. Морковот и компирот исецкајте ги ситно и додадете ги во смесата, динстајте ги околу 10 мин.
Сега додадете го доматното пире и водата сите останати зачини, леќата на крај, добро промешајте и оставете да се довари чорбата.
Вака подготвена може да ја послужите со една мешана салата од свеж зеленчук или некоја лута феферонка.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови