Се зовриваат парчињата џигер, се фрла таа вода и потоа се варат со чиста вода. Штом зовријат се додава сол.

Кога се варени, се сецкаат на коцки и пак се враќаат во тенџерето со вода.

Во водата се додава и коцката за бујон.

Се додава фидето и се продолжува со варење додека тоа е готово.

Потоа се прави тенка бела запршка. На плитка мрснотија се пропржува брашното додека убаво порумени и се излева во чорбата.

Се зачинува, нека прокрчка и готова е.

На здравје!
п.с. Се послужува со киселина (оцет), а за љубителите на љуто со дробено, претходно потпечено, црвено љуто пиперче...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани