Џигерот се вари во вода и 1 лажица вински оцет малку колку да омекни. Се сечи на парчиња големина по желба. Парчињата се премачкуваат во сенф и се пржат на загреано масло. Откако ќе се испржат се вадат од тавата и се стават во некој сад настрана. Кромидот се лупи се сечи на половина, а потоа се сечи на тенки полукругови и се пржи во тавата каде што се пржеше џигерот на тивок оган. Се пржи се додека не омекни. Ако не е доволно масло може да се додаде уште 2 лажици. Во кромидот се додаваат парчињата пржен џигер, сол, ситно сецкан рузмарин (јас секогаш користам свеж го имам во дворот ). Сето заедно се меша и се остава уште 2 до 3 минути на оган со постојано мешање. Сенфот и рузмаринот се одлични за подготовка на секаков вид на џигер затоа што го неутрализираат мирисон на џигер и му даваат одличен вкус.
Се сервира со лажица павлака- одлична комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови