Чоколадно задоволство со вишни (јубилеен 1600 рецепт)
Да, еве одбележувам уште еден јубилеј на оваа страна, драги мои пријатели.
Рецепти безброј излезени и презентирани од мојата кујна...
Еве и денес подготвив превкусна торта, по моја интуиција.
Љубовта кон готвењето е мојата движечка сила.
Благодарност до МР и до сите оние кои одвоиле време да ги погледнат, прочитаат, приготват моите рецепти.
Користен е калап со обрач бр20
До колку ви е потребна поголема торта, состојките дуплирајте ги и подгответе ја во калап бр28.
Основа
Во вангличка ставаме 2 белки, матиме, па додаваме шеќер.
Кога пената е многу густа , додаваме мелени ореви и брашно.
Со шпатула ги соединуваме состојките убаво.
Смесата ја ставаме во калапот, во кој има ставено хартија за печење.
Печиме околу 10 минути на 180 с.
Оставаме кората да се подизлади, ја одстрануваме хартијата и кората повторно ја враќаме во калапот.
Сега го подготвуваме чоколадниот мус.
Во мал сад го ставаме желатинот и ладна вода, оставаме на страна да набабри.
Жолчките ги ставаме во мала касерола, додаваме шеќер и ги готвиме над пареа, при тоа постојано матиме со миксер.
Ги готвиме додека не се згуснат.
Сега во друга касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Во неа го додаваме искршеното чоколадо.
Смесата ја изедначуваме и оставме да се лади.
Во вангличка ги ставаме маскарпонето и шеќерот во прав и ги соединуваме со миксер.
Тука ги додаваме и двете, изладени жолчки, кои ги готвевме над пареа.
Соединуваме.
Го ставаме желатинот на тивок оган, да ја смени состојбата.
И него го додаваме кај маскарпонето.
Сега во танок млаз и со најмала брзина на миксерот го додаваме изладениот ганаш.
Матиме со миксер до посакуваната густина, никако не смее да се претворат состојките во путер, односно да добиеме густ крем.
Добиениот крем го нанесуваме врз кората во калапот.
Израмнуваме и оставаме во фрижидер околу 30 минути.
За тоа време го подготвуваме желето со вишни.
Во касерола ги ставаме течноста од теглата од компотот, шеќерот, вишновката.
Ставаме на умерен оган и оставаме да проврие се заедно 5 минути.
Желатинот го потопуваме со ладна вода и оставаме да набабри.
Во касеролата ги додаваме и вишните од теглата.
Оставаме така да одстои 15 минути.
Потоа со решетка лажица ги вадиме вишните и ги ставаме во чашата на нутрибулет.
Ги миксаме само некоја секунда за да добиеме мазен крем.
Во касеролата каде е течноста, ставаме една цедалка и низ неа ги поминуваме вишните, за да не случајно има некоја лушпа.
Кај мене беше потполно мазна структурата, но сепак постапив така,
Убаво промешуваме.
На тивок оган го растопуваме желатинот.
Го додаваме во касеролата со вишни.
Убаво соединуваме.
Ова желе од вишни внимателно го нанесуваме во калапот со обрач, врз чоко мусот.
Израмнуваме и оставаме во фрижидер 1 час.
На тивок оган во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее.
Го додаваме искршеното чоколадо.
Ја изедначуваме смесата.
Оставаме да се излади,
Потоа ја матиме со миксер.
Добиениот ганаш, го ставаме во готварски шприц и ја декорираме тортата.
Декорацијата ја завршуваме со кандирани вишни, мелени фстаци, ливчиња маточина.
Сечеме парчиња и дегустираме со најмилите....
Лиценца: Сите права се задржани
Pre vkusna bese
Eve ti prakam Poz od Albanija
A uz pat ja sretnavme ovaa Prekrasna kuka vo Prespa
tvoj dobro Poznat teren, haha
Milo Mi e sto Ni Se pridruzi
Тортава е превкусна и преубава, идеите ти се неисцрпни!
Се радувам што можеш да постигнеш се' со квалитет и успех.
И понатаму уживај и твори.
П.С. Јас почнувам дури да се срамам од себе си што бавно стигам, секако имам причини, ама ако, пополека си терам ха ха ...
Поздрав и секое добро :)
Da znaes deka po 5 raboti rabotam vo ist moment, haha
Se trkam so vremeto...
. Ama pobeduvam Se uste♥️
Kratam na son, a hronicen umor imam sekogas, taka ziveam...
Fala mu na boga zdrava i ziva sum, go grabam zivotot so brzo tempo, vprocem kako i site nie
Te pozdravuvam i ostani Mi tuka vo dobro zdravje Irenkeeee♥️
Zivotot e Ubav i treba da Se zivee sekoj zdiv... Toplo te pozdravuvam
Pozz i Ubav den imaj
Тортава изгледа одлично, кремаста :)
Поздрав
Goolem Pozz i za tebe
А тортата совршена, како би каснала едно парче хех
Pozzzz
Тортичево по мој вкус...Поздрав и се дружиме и понатака...За средба како што тргнало изгледа ќе почекаме...
I bez da Se Napisi nekoj zbbor, znam sto mislis.. Citam misli haha
Sredba...... Koj znae, mozebi i ke si napravime
Pozdrav
Pozdrav i za tebe od ♥️
Повторно си спремила една убавина на која неможе човек да одолее.
Нека ти се множат убавите рецепти,а јас од далечинава, си останувам да си ги полнам очите со твојата убава ризница на рецепти.
Goolem Pozdrav za tebe i sekoe dobro ti posakuvam
ние веќе го научивме твоето творечко торнадо во кујната, но вака, кога ќе застанеме и погледнеме во јубилејната бројка - не може да не останеме со подзината уста од оваа неверојатна бројка на изработени рецепти.
Овој рецепт ни раскажува вистинска приказна и за неговиот процес на изработка, бидејќи ти секогаш успеваш да ја вклопиш секоја состојка што ја имаш во кујната во интересен рецепт.
Ти благодариме за твоите 1600 рецепти и ти подаруваме Делимано Џој Апарат за сендвичи и скара. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
So vakvo tempo da docekame zaedno mnogu jubilei.
Samo bidi ziva i zdrava:*
Ti blagodaram mnogu sto svrati tuka
Topol pozdrav
Pozzz
Za ubav zbor nikogas ne e kasno
Pozzz