Чоколадни топчиња со ѓумбир
За првпат ги правам топчињава и морам да признаам дека се превкусни. Чоколадото се чувствува „од километар“.
Брзи и лесни за подготовка, а вкусни за јадење.
Во тенџерче на оган ставете ја слатката павлака да зоврие. Тргнето го тенџерчето на страна и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи потполно.
Додадете го ѓумбирот, промешајте и оставете го на страна околу 20тина минути.
Во меѓувреме сомелете ги бисквитите, но оставете 3-4 на страна (за декорација).
Врз бисквитите посипете ја аромата од чоколадото и оставете малку да „попримат“.
Потоа истурете ги бисквитите во чоколадото и ставете ја целата смеса 5 до 10 минути во фрижидер, да се стврдне.
Формирајте топчиња и украсете ги по избор.
Јас бисквитите ги сомлев и им додадов 2 лажички какао, а останатите ги валкав во чоколадни трошки.
Излегоа 24 поголеми топчиња.
Само не ја заборавајте смесата во фрижидер, бидејќи многу брзо се стврднува. Во тој случај додадете малку млеко.
Пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vkusni bombici...