Чоколадни рогачеви топчиња
Лесни, брзи и најнормално вкусни.. Невообичаен вкус кој го дава рогачевото брашно и затоа ќе бидат омилени само на оние кои го обожаваат
1. Загрејта ја до вриење павлаката заедно со рендана кора од портокал, тргнете го садот, поклопете и оставете околу 5 мин,. да мирува како би кората пуштила својата арома.
2. Чоколадата ситно исекцкајте ја за да се после лесно стопи.
3. Слатката павлака повторно загрејте ја до точка на вриење и прелијте ја преку чоколадата или наједноставно - тргнете го садот и додајте во врелата павлака чоколадата, на собна температура веќе омекнатиот маргарин, медот и 2-3 лажици брашно од рогачот. Измешајте ја оваа смеса до нејзина хомогеност. Додадете ги ситно сецканите смокви и бадемите, повторно измешајте. Покријте го садот и оставете да се излади и да се стегни смесата, околу 2 часа.
4. Кога смесата веќе е оладена добро и се овозможува да се прават топчиња, со лажичка црпете од смесата и оформете ги топчињата, а потоа валкајте ги во брашното.
Немав во моментот бадем, ставив ореви, нема некоја битна разлика во вкусот.
Тоа е се народе! Идат празници.. па нека се најди овој рецепт!
Лиценца: Сите права се задржани
згинав барајки го, го немаше ни по големите маркети
Lile prekrasni bombici-malku da izbegame od sekojdnevnite vkusovi:)