Чоколадни палачинки со чоколаден крем пудинг и банани... И како „јаготка на шлагот“ , малини и боровинки со чоколаден прелив...Одлично засладување во една пријатна вечер со најблиските мои...

Подготовка на палачинките
1. За палачинките ги матиме јајцата со рачна маталка.
2. Путерот заедно со чоколадото ги растопуваме во микровална или на најниска температура на рингла.
3. Го додаваме млекото кон јајцата па ги ставаме и чоколадните суви состојки заедно со какаото.
4. Ја додаваме растопената чоколадна смеса. Соединуваме и на крај го додаваме брашното. Мешаме до соединување.
5. На намрсено нелепливо тавче ги печеме палачинките.

Подготовка на чоколадниот крем
1. За крем пудингот во дел од млекото ги раствораме пудинзите во прав, може и некоја лажица шеќер, ако сакате посладок крем.
2. Остатокот го ставаме да почне да врие па ги додаваме пудинзите, интензивно мешаме до соединување.Ги додаваме коцките чоколадо и соединуваме додека да се растопат. Го ладиме пудингот.
3. Слатката павлака со шеќерот во прав ја матиме, па ја соединуваме со пудингот, матиме со миксер.
4. На секоја палачинка ставаме од крем пудингот, една банана, роламе, и ја декорираме секоја палачинка по вкус и желба.

Денски фотката сигурно би била поубава ама ваква слаткотија нема шанси да остане за утредента =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани