Чоколаден пудинг колач со банани
Совршен вкус на кремасто чоколаден фил во комбинација со банани и бисквити, ете таков е овој десерт. Едноставен, а многу лесен и вкусен!
Подготовка
1. Во 200 мл млеко ставаме прашок за пудинг, брашно, шеќер и соединуваме да нема грутки.
2. Остатокот од млекото задно со слатката павлака го доведуваме до вриење.
3. Ја истураме соединетата смеса со пудинзи во течноста и мешаме додека да се згусне.
4. Го тргаме на страна оставаме 2-3 минути малку да подолади, па ја додаваме киселата павлака.
5. Потоа ги додаваме путерот и чоколадото и мешаме до растопување.
6. Ги редиме бисквитите на дното од помало тавче, па истураме дел од чоколадната крем пудинг смеса.
7. Ги редиме бананите пресечени на половина по должина.
8. Врз нив повторно ставаме од чоколадната смеса.
9. Редиме повторно бисквити, па залеваме со остатокот од пудинг кремот.
10. Оставаме да се излади и стегне во фрижидер.
Забелешка
Користев два типа на бисквити, едните класична правоаголна форма, а другите во форма на пишкоти, ама по состав класични.
Лиценца: Сите права се задржани