14
окт
2021
Магнолија -домашен пудинг со банани
Подготовка:
1. Одвојте малку од млекото. Во останатото додајте го шеќерот и ставете го на оган да зоврие.
2. Во помалиот дел од млекото ставете ги жолчките, ванилата, нишестето и брашното и убаво измешајте да нема грутчиња. Кога млекото ќе зоврие сварете го пудингот. Нека се олади.
3. Изматете ја слатката павлака и постепено додајте ја во пудингот. Кремот е готов.
4. Бисквитите ситно издробете ги. Бананите исечкајте ги. Во секоја чаша ставајте ред бисквити, банани, крем, бисквити, крем, банани.
Брзо, едноставно, но превкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови