28
фев
2014
Чоколадни палачинки (нутела)
Во еден сад скршете ги јајцата, додајте го шеќерот и матете со миксер додека се стопи шеќерот. Додајте го кремот и какаото и повторно матете додека се соединат состојките. Откако ќе се соединат додајте го зејтинот и постепено додавајте од брашното, но матете на најмала брзина. На крај додајте го млекото и од смесата на загреан оган во тава печете палачинки.
Филување на палачинките.
Земете една палачинка и премачкајте ја со кремот нутела ставте половина банана и накапете со претходно растопеното чоколадо поситете со ореви и лешници и превиткајте ја палачинката. Постапката повторете ја со сите палачинки. Декорирајте со чоколадо и чоколадни колачиња. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани