Чоколадни лесни коцки
Колачот е едноставен и без маргарин, пандишпанот е рецепт од книгата на Давид Лебовитз - Подготвени за десерт.
Кремот ќе се стегне и без маргарин, може да се користи и готов пудинг од пакетче.
Најпрво се подготвува пандишпанот.
Се вклучува рерната на 200 степени. На правоаголен плех 40х20 см. се става хартија за печење.
Во сад се делат белките од жолчките. Во сад се става брашното за колачи, пецивото, ванилиниот шеќер и какаото, се промешува и се остава настрана. Се матат жолчките со шеќерот и ладната вода, се матат додека станат пенести и густи. Кога се доволно изматени се просејува смесата од брашно и се миксира уште малку. Во садот каде што се белките се става прстофат сол и со најголема брзина на миксерот изматете цврст снег. Додајте 1/3 од белките во жолчките, измешајте со шпатула. Така направете и со останатите 2/3 од белките.
Смесата се става во плехот со хартија, се израмнува и се става да се пече,се пече додека порумени околу 15-25 мин. или проверете со чачкалица дали излегува сува кога ќе забодете во пандишпанот. Извадете од рерната и извадете го пандишпанот со хартијата на кујнска решетка за торти. Оставете да се олади за тоа време подгответе го филот.
Млекото ставете го да се загрее во сад на оган. Во водата измешајте го какаото, брашното, густинот, шеќерот, се нека се растопи ни изедначи, да нема грутчиња. Кога млекото почнало да се поткрева полека сипувајте од смесата со вода и мешајте со лажица постојано да се згусти, не треба многу да се згусти. Додадете ја чоколадата и тргнете од оган мешајте чоколадата да се стопи.
Филот уште топол истурете го над пандишпанот и изрманете. Оставете да се олади на собна температура, па ставете го уште малку во фрижидер некаде 1 - 1ч 30мин. Сечете коцки и украсете со изматен шлаг или намачкајте со изматена слатка павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А за стокмени не баш,баш,... :)