Чоколадна фантазија
- Пандишпан
Најпрво во длабок сад ги ставаме јајцата и шеќерот па матиме со миксер 5 минути додека смесата не се згусне. Откако смесата ќе се згусне ги додаваме маслото, водата и млекото и продолжуваме да матиме околу 1 минута. По матењето постепено ги додаваме брашното, какаото и пецивото, па повторно матиме но овој пат со дрвена лажица се додека смесата не се хомогенизира. Така подготвената смеса ја ставаме во округла тепсија (25.5 цм.) која претходно е намачкана со путер.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин. Можете да проверите дали пандишпанот е готов со чепкалка за заби или со стапчиња за ражнич. Додека смесата се пече го правиме шербетот во мало тенџере во кое ја ставаме водата и шеќерот. Потребно е да поврие 1 минута и готов е. Го тргаме на страна да се олади 10 мин. По 20-25 мин. го вадиме пандишпанот од рерна и исто така го оставаме да се олади. Топлиот шербет го полеваме врз оладениот пандишпан.
- Чоколадна глазура
За подготовка на чоколадната глазура потребно ни е тенџере со средна големина во кое ја ставаме слатката павлака и искршеното чоколадо. Глазурата се вари додека не почне да врие. Се трга на страна да се олади 20 мин.
Чоколадната глазура ја полеваме врз пандишпанот и тортата ја ставаме да се стврдне во фрижидер 3 часа.
Топло им го препорачувам овој рецепт на сите обожаватели на благото.
Вреди да се проба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Колачот фантазија :-)
Ednostavno , a te kako vkusno.