За подготовка на оваа торта потребно е
1. Прво треба да се приготви филот така што во едно тенџере се ставаат млекото, пудингот и шеќерот и се промешува со жица убаво. Не треба да има грутчиња. Се става на загреана рингла и се меша додека да згусни. Потоа се остава убаво да се излади.
2. Додека пудингот се лади, треба да се приготви тестото. Во еден сад се ставаат јајцата и шеќерот и се матат со миксер се додека смесата не стане кремаста, пенаста и во многу посветла боја. Во друг сад се ставаат брашното, какаото и прашокот за пециво и се промешуваат, па се додаваат во смесата со јајцата. Малку се промешува, се додаваат млекото и маслото и се мати смесата со миксер се додека да снема грутчиња. Се приготвува калап обложен со хартија за печење, се става смесата во калапот и се печи во загреана рерна на 180° околу 20 до 25 мин. зависи од рерната.
3.Откако ќе се излади пудингот, во еден сад се мати маргаринот кремасто и по малку се додава изладениот пудинг и се мати со миксер додека да се соедини пудингот со маргаринот. Филот ќе биде малку потечен нема да биде компактен, но така и треба да биде.
4. Откако ќе се испечи тестото, се остава малку да се излади и се сечи по должина на два дела. На првата кора се додава пола од филот и се размазува убаво и по страните. Потоа се додава и втората кора и на неа се додава останатиот фил и се размазува убаво исто и по страните.Тортата се остава преку ноќ да отстои. По желба може да се додаде било што како декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани