Испечати

Чоколадна пудинг торта

Чоколадна пудинг торта

Состојки

  • 500мл млеко
  • 50мл неутрална павлака за готвење
  • 25г какао
  • 25г густин
  • 100г шеќер
  • 200г темно чоколадо
  • 1-2 лажици какао (за поросување)

Подготовка

Подготовка

1. Во подлабок сад измешајте ги убаво сите состојки освен чоколадото. Процедете низ цедалка за да нема грутчиња.
2. Ставете во тенџере на оган и загревајте до зовривање. Штом ќе почне смесата за згуснува, гответе уште 2-3 минути со постојано мешање, а потоа додајте го чоколадото (ситно сецкано). Кога ќе се стопи чоколадото, тргнете од оган.
3. Обложете долгнавест калап (12цм) со хартија за печење. Хартијата треба да биде подолга од садот (да излегува од двете страни), за подоцна да може да ја извадите тортата. Истурете ја смесата во калапот. Оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер 6-8 часа.
4. Кога убаво ќе се стегне тортата, извадете ја од калапот на чинија за сервирање и поросете со какао.
Јас правев двојна доза, користев калап од 22цм. На здравје!