Чоколадна пита со путер од кикирики
Не знаев какво име да и дадам, ама прекрасно чоколадно задоволство добивате доколку се одлучите да ја направите. Можеби така и требаше да ја крстам. Како и да е, ова е вкусотија со комплетни пофалби од сите во семејството, а вака налик ништо посебно.
1. Кикириките ги купив лупени и не солени, а малку ги потпеков да имаат поубав шмек. Ги изладив и ги сомлев во машинка за мелење ореви.
2. Двете врсти чоколадо ги топиме на тивок оган заедно со путерот па ги ладиме.
3. Ги делиме белките од жолчките. Белките со прстофат сол ги матиме со миксер во цврст снег.
4. Жолчките ги матиме со шеќерите, па во оваа смеса ги додаваме стопените чоколади со путерот.
5. Прашокот за пудинг го мешаме со пецивото и мелените кикирики и ги додаваме на смесата со жолчки. На крајот ги промешуваме и белките во оваа смеса.
6. Делимано тава бр. 26 ја намрсуваме, а ако немате таква тава ставете хартија за печење и смесата ставете ја во неа.
7. Печеме на 180 степени околу 30-35 минути. Ја оставаме да се лади.
8. Откако ќе се излади ја превртуваме и ја мачкаме внимателно со путер од кикирики.
9. За глазурата го топиме путерот со чоколадото на тивок оган и ја прелеваме цела пита. Декорираме со кикирики.
Лиценца: Сите права се задржани