24
ное
2012
Чоколаден колач
1. Чоколадата стопете ја на пареа.
2. Во сад ставете ги путерот, шеќерот, ванилата, медот и изматете ги со миксер. Потоа додадете ги јајцата едно по едно изматете ги, потоа истопената чоколада и продолжете со матењето да се изедначи смесата.
3. Додадете ја течната павлака и измешајте ја со жица и на крај брашното измешано со пецивото и какаото.
4. Смесата ставете ја во намастен и набрашнет правоаголен калап и печете ја околу 40-50 мин на 180 С.
5. Готовиот колач можете да го украсите со стопена бела чоколада или со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
Убав и вкусен рецепт :)
Честитки и од мене!
не сакам ни да читам состав од кога ќе ги видам, се' ми личи ле бон бон :) :) :) :)