Чипи рипи
Најпрво се подготвува бисквитот.
Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Се додаваат и оцетот, брашното, печивото и се лесно се измеша. Смесата се истура во правоаголен плех, намачкан со масло и наросен со брашно.
Рерната се загрева на 180 степени и се пече бисквитот.
Уште врелиот бисквит се полива со 200 мл. млеко.
После се подготвува филот.
Се одвојуваа дел од млекото, а останато се става да се загрева. Жолчките изматете ги со шеќерот во густа смеса. Матејки додавајте ги млекото, нишестето и пудингот. Кога млекото ќе зоврие се додава смесата со жолчките и се вари со постојано мешање додека да се добие густ крем. Се трга садот на страна да се лади. За тоа време пенасто се изработува маргаринот. Се продолжува со матењето и се додава од ладниот крем една по една лажица. Пенесто изработениот крем се дели на 3 еднакви дела.
Во првиот дел додаваме растопена бела чоколада, во вториот ги додаваме лениците, во третиот растопено црно чоколадо.
Шлаг пените се матат со 200 мл. млеко во цврста пена.
Редење= Бисквит-жолт фил-фил со лешници-црн фил-шлаг пена и се нарсува малку какао.
Готовиот колач се остава во фрижидер до служење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови