Чипи рипи
Состојки
- За Бисквит
- 10 Белки
- 10 лажици Шеќер
- 2 лажици Оцет
- 10 лажици Брашно
- на врв на ножот Прашок за пециво
- За Фил
- 1 литар Млеко
- 10 Жолчки
- 10 лажици Шеќер
- 100 гр. Нишесте (густин)
- 2 кесички Пудинг од Ванила
- 200 гр. Маргарин
- 100 гр. Бела чоколада за готвење
- 100 гр. Црна чоколада за готвење
- 150 гр. Сечкани или мелени лешници
- За украсување
- 2 кесички Шлаг пена
- 200 мл. Млеко
- малку какао
- Потребно за полевање на бисквитот
- 200 мл. Млеко
Подготовка
Најпрво се подготвува бисквитот.
Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Се додаваат и оцетот, брашното, печивото и се лесно се измеша. Смесата се истура во правоаголен плех, намачкан со масло и наросен со брашно.
Рерната се загрева на 180 степени и се пече бисквитот.
Уште врелиот бисквит се полива со 200 мл. млеко.
После се подготвува филот.
Се одвојуваа дел од млекото, а останато се става да се загрева. Жолчките изматете ги со шеќерот во густа смеса. Матејки додавајте ги млекото, нишестето и пудингот. Кога млекото ќе зоврие се додава смесата со жолчките и се вари со постојано мешање додека да се добие густ крем. Се трга садот на страна да се лади. За тоа време пенасто се изработува маргаринот. Се продолжува со матењето и се додава од ладниот крем една по една лажица. Пенесто изработениот крем се дели на 3 еднакви дела.
Во првиот дел додаваме растопена бела чоколада, во вториот ги додаваме лениците, во третиот растопено црно чоколадо.
Шлаг пените се матат со 200 мл. млеко во цврста пена.
Редење= Бисквит-жолт фил-фил со лешници-црн фил-шлаг пена и се нарсува малку какао.
Готовиот колач се остава во фрижидер до служење.