Цветни колачиња
Ова се слатки и декоративни колачиња со вкус на кафе. Следи подготовката за овој лесен и вкусен рецепт.
1. Путерот го сечкаме на мали парченца. Сите состојки за тесто ги замесуваме во еден сад. Ја оставаме топката од тесто во фрижидер ½ час.
2. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
3. Ја расукуваме кората да ни биде со дебелина од 4-5 мм и вадиме со калапче цветчиња. Ги редиме во плех и ги ставаме да се печат во веќе загреаната рерна, околу 15 минути. За тоа време го подготвуваме филот.
4. Слатката павлака заедно со путерот и кафето ги ставаме на тивок оган. Кога ќе се доведе до точка на вриење, а при тоа лесно промешуваме, го тргаме на страна и додаваме чоколадо. Филот го мешаме додека да се растопи , па го оставаме да се лади.
5. За глазурата или ројал ајсингот убаво ги матиме белката со шеќерот заедно со розевата прехрамбена боја, па на крајот додаваме лимонов сок. Половина од колачињата ги потопуваме во глазурата или мачкаме одозгора. Ги оставаме да се подисушат.
6. На другата половина ставаме фил со помош на шприц. Ги поклопуваме со глазираните колачи.
Забелешка
Од оваа доза со ова калапче излегуваат околу 45-50 колачиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Кај мене се спонтано излегува, па и овој рецепт , заедно со фотката. Имено додатокот од листовите и стеблото, е тоа ми е последното парче што веќе не можеше да се оформи во цветчиња, па си реков да направам нешто од него, може секавичната моментална идеја и ќе ми се оствари. И навистина бидна така, еве од случајност и фотката е полична и нема фира од тесто, се се изеде:)